Со дуелот меѓу Индијана и Милвоки, вечерва официјално почна плејофот од НБА лигата кој треба да го даде новиот шампион во ова натпреварување.
Пејсерс поведоа со 1-0 во серијата откако на домашен терен го прегазија својот ривал со 117-98. Тоа е осма победа во последните девет натпревари за Индијана која уште еднаш потврди дека се наоѓа во одлична форма во овој период од сезоната.
Откако го презеде водството кон средината на првата четвртина, домашниот тим не дозволи во ниеден момент победата да биде доведена во прашање. Во третиот период предноста изнеуваше 27 поени разлика, во финишот Милвоки успеа да се доближи на -12, но не и да го загрози триумфот на домашниот тим.
Јанис Адетокунбо беше убедливо најдобар поединец на мечот со постигнати 36 поени и 12 скока. но не можеше сам да ја носи екипата. Вториот стрелец во тимот, Еј Џеј Грин го заврши натпреварот со само 15 поени. Паскал Сијакам со 25 поени беше најефикасен кај Индијана чии кошаркари многу порамномерно ги распоредија кошевите.
И вториот меч од серијата се игра во Индијанаполис, в среда рано наутро по средноевропско време.


