Оклахома Сити Тандер се зацврсти на челната позиција во Западната конференција откако ноќеска како гостин го победи Мемфис со 114-100.
Актуелниот шампион доминираше во второто полувреме, враќајќи се од дефицит од 11 поени на полувремето. Не само што успеа да ја стопи високата негатива, туку воопшто немаше неизвесна завршница на мечот.
Актуелниот МВП, Шеј Гилџес Александар беше најефикасен играч на мечот со 35 поени, на кои додаде седум скока и шест асистенции, а зад него останаа Чет Холмгрен и Еј-Џеј Мичел со по 21 поен.
На другата страна, Џерен Џексон постигна 17 поени и седум скока, а дебитантот Седрик Кауард оствати дабл-дабл со 13 поени и десет скока.
РЕЗУЛТАТИ
Сакраменто – Минесота 117-144
Голден Стејт – Индијана 114-83
Филаделфија – Детроит 108-111
Мемфис – Оклахома 100-114
Њујорк – Бруклин 134-98
Орландо – Бостон 107-111
Милвоки – Хјустон 115-122


