Иако има такви кои го оспоруваат МВП признанието што го доби минатата сезона, Шеј Гилџес Александер и оваа кампања игра на врвно ниво.
Се уште е во тек неговата серија која веќе изнесува 115 натпревари со најмалку 20 постигнати поени, а Канаѓанецот ита кон втората награда за најкорисен играч. Ноќеска беше најзаслужен за убедливиот триумф на Оклахома на гостувањето кај Милвоки со 122-102.
Шампионот направи огромен чекор кон победата уште во првата четвртина која ја доби со 38-18, а потоа рутински ја одржуваше предноста. Гилџес Александер имаше само три промашувања од игра (14/17 за два и 2/2 за три поени) и го заврши натпреварот со 40 постигнати поени на кои додаде 11 аасистенции и седум скока.
На спротивната страна се истакна Јанис Адетокунбо кој оствари дабл дабл со 19 поени и 14 скока, но тоа беше далеку од доволно за победа на Милвоки. Оклахома останува најдобар тим во лигата, додека на Бакс им бегаат местата кои водат во разигрувањето за титулата.
РЕЗУЛТАТИ
Шарлот – Кливленд 87-94
Бостон – Индијана 119-104
Њујорк – Бруклин 120-66
Мемфис – Атланта 122-124
Њу Орлеанс – Детроит 104-112
Милвоки – Оклахома 102-122
Сакраменто – Торонто 109-122


