Оклахома Сити Тандер го победи Сан Антонио Спарс со 122-113 во вториот натпревар од финалето на Западната конференција и го израмнија резултатот на 1-1.
По слабиот настап во првиот натпревар, Шеј Гилџес Александер го предводеше својот тим со 30 поени и девет асистенции. Алекс Карузо додаде 17 поени од клупата, Чет Холмгрен постигна 13, а резервите Џаред Мекејн и Кејсон Волас имаа по 12 поени за бранителите на титулата. Стефон Касл ги предводеше Спарс со 25 поени, Девин Васел додаде 22, додека Виктор Вембањама имаше разновиден настап од 21 поен, 17 скока, шест асистенции и четири блокади.
Победата на Тандер во голема мера беше резултат на огромната предност во поени од клупата затоа што ги „победија“ резервите на противникот со 57-25. Оклахома Сити исто така доминираше во поени по изгубените топки, 27/10.
Ајзеа Хартенштајн, кој едвај играше во првиот натпревар, имаше 10 поени и 13 скока за победниците. Тандер го подобрија билансот на 14-5 во натпреварите по секој пораз оваа сезона и ги победија Спарс само вторпат во седум средби.
🏆 PLAYOFF BRACKET 🏆
— NBA (@NBA) May 21, 2026
▪️ @okcthunder even the series at 1-1 in the Western Conference Finals
The NBA Conference Finals presented by @Google continue Thursday with Cavs/Knicks Game 2 at 8:00pm/et on ESPN. pic.twitter.com/Tnd0lRr3aY
Победата не дојде без плаќање висока цена за Тандер, кои беа без бекот Џејлен Вилијамс во првото полувреме. Тој претрпе уште една повреда на задната ложа на левата нога, поради кој веќе пропушти шест натпревари оваа сезона. Клубот соопшти дека станува збор за истегнување, но тоа исто така го става во прашање неговиот настап во петокот.
Спарс исто така се соочуваат со проблеми, играјќи без својот Олстар бек Диерон Фокс поради болки во скочниот зглоб, а нивната стартна замена Дилан Харпер се повреди во текот на третата четвртина.
Сан Антонио заостануваше со 11 поени на полувремето и со осум пред последната четвртина. Тројка на Харисон Барнс на девет минути пред крајот ги донесе Спарс на 99-97, но потоа Тандер одговорија решително. Во следните две и пол минути, бранителот на титулата направи со 11-0 и поведе со 13 поени разлика.
Спарс не се предадоа, а Вембанјама ја намали разликата на 113-118 на една минута и 25 секунди до крајот, но последниот кош на Гилџес Александер ја запечати победата. Серијата сега се сели во Сан Антонио, каде што третиот натпревар ќе се игра во петок.


