Еден од најискусните во македонската репрезентација Стојан Ѓуроски очекува уште еден позитивен резултат на националниот тим.
По трите победи, Македонија вечерва гостува кај Азербејџан кого во ноември на домашен терен го совладавме на домашен терен со 38 поени разлика. Ѓуроски беше мошне корисен на тој меч, со осум поени, три скока и четири асистенции, но според неговиот стаж во репрезентацијата, неговото присуство секогаш е од огромно значење. Ништо поинаку нема да биде ни денеска.
„Ја познавам добро азербејџанската репрезентација од првиот натпревар. Нема поголеми промени во составот, па затоа ќе мора да влеземе во мечот целосно мотивирани и подготвени од првата минута. Најважната задача на овој натпревар ќе ни биде со тимска одбрана да го запреме нивниот најдобар играч Ван Бек. Ако го направиме тоа, ќе имаме добра шанса да сгигнеме до посакуваната победа на овој натпревар“, вели Ѓуроски.


