Центарот на Минесота, Руди Гобер ја круниса фантастичната сезона на индивидуален план со признанието за дефанзивец на годината во НБА лигата.
Тој ја доби оваа награда по четврти пат во кариерата откако одеше во негови раце во 2018, 2019 и 2021 година. Со тоа Французинот се израмни со Дикембе Мутомбо и Бен Волис кои досега беа рекордери со по четири награди за најдобар одбранбен играч во лигата.
The complete voting results for the 2023-24 Kia NBA Defensive Player of the Year. pic.twitter.com/SpApbyUUw2
— NBA Communications (@NBAPR) May 7, 2024
Предводена од Гобер, Минесота оствари најдобар дефанзивен рејтинг во лигата, дозволувајќи им на ривалите најмалку постигнати поени по натпревар со најнизок процент на погодени удари од игра. Искусниот француски центар просечно постигнуваше по 14 поени, 12,9 скокови и 2,1 блокада по натпревар, а во гласањето доби 72 гласа за прво место и вкупно 433 бода.
Зад него завршија Виктор Вембанјама со 245 гласа и Бем Адебајо од Мајами со 91. Ова е втор индивидуално признание за играчите на Минесота оваа сезона откако Наз Рид беше прогласен за најдобар шести играч.


