Општо познато е дека Шекил Онил не е голем фан на Руди Гобер и од непознати причини постојано го навредува и критикува францускиот кошаркар, но во последниот разговор се чини дека и тој отиде предалеку.
Некогашната НБА суперѕвезда сега жестоко удри по Гобер нарекувајќи го најлош кошаркар на сите времиња.
„Потпишувате договор вреден 250 милиони долари, па покажете дека сте го заслужиле тој договор. Постои причина што ја одам чудно и не можам добро да ја свртам главата, тоа е бидејќи покажав дека вредам 120 милиони долари. Имаме учители, пожарникари и доктори кои работат за смешни пари“, објасни Шек.
Нејасно е што толку му замерил тој на Французинот бидејќи Гобер, освен што има завидна бројка одиграни натпревари во НБА, четири пати беше прогласен за дефанзивец на годината и досега има просек од 12,7 поени и 11,8 скока што секако не е лошо.


