Суперѕвездата на Лос Анџелес Лејкерс, Леброн Џејмс и во петтата деценија од животот игра како во своите најдобри денови.
Ветеранот продолжува да го води својот тим и во отсуство на Лука Дончиќ и ноќеска против Портланд постигна 40 поени во победата од 110-102. Со тоа, Леброн стана прв играч во историјата на НБА кој повеќе од еднаш постигнал 40+ поени откако наполнил 40 години. Првиот пат, тоа го направи на 7 февруари во победата над Голден Стејт со 120-112 кога броеше до 42.
Преостанатиот 40-годишник кој успеал да ја мине границата од 40 поени на барем еден натпревар е Мајкл Џордан кој на 21 февруари 2003, четири дена по својот 40. роденен постигна 43 против тогашниот Њу Џерси Нетс.


