Лос Анџелес Лејкерс го победи Хјустон Рокетс со 112-108 по продолжение, за водство со 3-0 во првото коло од плјеофот во НБА.
Со триумфот, Лејкерс се доближија на еден чекор до победа над својот прв ривал во разигрувањето за титулата иако не можат да сметаат на Лука Дончиќ и Остин Ривс, а најзаслужен за сè што им се случува е Леброн Џејмс. Уште еднаш, Џеј Џеј Редик беше нерешлива енигма за Име Удока и се прилагоди многу подобро на задачите на теренот, па неговиот тим веќе имаше двоцифрена разлика по првото полувреме (63-52).
Сепак, домќините успеаја да се разбудат, дури и без Кевин Дурант, и така малку по малку, благодарение најмногу на Амен Томпсон и Алперен Шенѓун, успеаја да се вратат во натпреварот и да влезат во последната четвртина со пет поени негатива. Изгледаше како домаќините да го имаат својот ривал в раце. Целосно го свртеа резултатот и по кошот на Шенѓун на 41 секунда поведоа со шест поени предност. И потоа – распад на системот. По промашувањето на Леброн, Џабари Смит зграби една одбиена топка, но Маркус Смарт му ја украде и беше фаулиран при шут за три поени.
После тоа, Рид Шепард направи неверојатна грешка, Џејмс ја доби топката и погоди тројка за израмнување. Рокетс имаа шанса за победа, но Шенѓун не успеа да ја погоди. Џејмс се обиде со тројка од другата страна, но топката излезе од обрачот и мечот отиде во продолжение.
🏆 PLAYOFF BRACKET 🏆
— NBA (@NBA) April 25, 2026
▪️ @celtics take a 2-1 series lead
▪️ @Lakers take a 3-0 series lead
▪️ @spurs take a 2-1 series lead
The NBA Playoffs presented by @Google continue Saturday with 4 games on NBC, Peacock and ABC! pic.twitter.com/CjZa4TnkCD
Во дополнителните пет минути, Смарт и Руи Хачимура доминираа за Лејкерс со своите одлуки на теренот. Ги собраа сите промашувања и на крајот му донесоа на својот тим триумф и предност со 3-0 што никој досега не ја изгубил.
Прво име на натпреварот беше Џејмс со 29 поени, 13 скока и шест асистенции за 45 минути на паркетот, додека Хачимура додаде 22, а Смарт 21 поен. Шенѓун на другата страна постигна 33 поени и 16 скока, додека Томпсон додаде 26 поени и 11 скока.
РЕЗУЛТАТИ
Филаделфија – Бостоон 100-108 (1-2)
Хјустон – ЛА Лејкерс 108-112 (0-3)
Портланд – Сан Антонио 108-120 (1-2)


