Пред крајот на декември, Леброн Џејмс ќе наполни 40 години, а и покрај тоа што се уште се наоѓа во одлична физичка форма, јасно е дека му се ближи крајот на кариерата.
На тоа се должат и променливите игри, па по трипл дабл ефектот пред неколку дена, синоќа суперѕвездата на Лејкерс одигра очаен натпревар. Тимот од Лос Анџелес го доживеа првиот пораз во сезоната, на гостувањето кај Феникс со 105-109, а Леброн го имаше најлошото шутерско издание во последните 17 години.
Погоди само три од вкупно 14 шута што е 21,4% и го заврши мечот со 11 поени, 8 асистенции и 5 скока. И во такви услови Лејкерс имаа свои шанси да победат, пред крајот на третата четвртина водеа со девет разлика, а во игра за триумф беа до последниот напад.


