Кошаркарите на Голден стејт Вориорс славеа убедлива победа од 134-114 на гостувањето кај Денвер Нагетс во ноќешната пррограма од НБА лигата.
Иако Никола Јокиќ повторно беше меѓу најзабележителните играчи на домашниот тим, неговиот учинок не беше доволен за Денвер да избегне пораз пред своите навивачи.
Српскиот центар го заврши натпреварот со 19 поени и дабл дабл учинок, но Нагетс имаа големи проблеми да го запрат расположениот противник. Голден Стејт одигра ефикасно во нападот и ја искористи слабата одбрана на домашниот состав за да стигне до убедлив триумф.
Најзаслужен за победата на гостите беше Јаксел Лендерборг, кој одигра фантастичен натпревар со 31 поен, 12 скока и шест асистенции. Лендеборг е дебитант во НБА, а популарноста ја стекна минатата недела кога во својот прв меч во дресот на Вориорс влезе во кавга со Лука Дончиќ, од него доби навреди и потоа јавно изјави дека ја загубил почитта кон словенечкиот ас. Голема поддршка доби од Стеф Кари, кој постигна 24 поени со извонредна реализација од поле, погодувајќи ги сите осум обиди. Брендин Подзиемски придонесе со 18 поени, седум скока и пет асистенции.
Голден Стејт со оваа победа ја прекина серијата од три порази на стартот на сезоната, додека Денвер ќе мора да ја подобри играта во одбраната доколку сака да се врати на победничкиот пат.
РЕЗУЛТАТИ
Денвер – Голден Стејт 114-134
Шарлот – Вашингтон 110-103
Кливленд – Минесота 127-125
Бостон – Чикаго 134-99
Мајами – Далас 109-113
Милвоки – Индијана 110-102
Хјустон – Атланта 120-110
Јута – Мемфис 105-110


