Иако има 37 години, Стеф Кари уште е исклучително значаен дел од тимот на Голден Стејт Вориорс.
Тоа најдобро се забележа по неговото отсуство од ноќешниот меч против Минесота на кој тимот од Сан Франциско доживеа убедлив пораз. Вулфс славеа со 117-93, жестоко одмаздувајќи се за брејкот во првиот натпревар на домашен терен, а воедно израмнија на 1-1 во серијата.
Кари е повреден и можно е да не се врати повеќе во полуфиналето на Западната конференција, одговорноста требаше да ја преземе Џими Батлер, но со оглед на тоа што тој беше единствена голема опасност по домашниот тим, Џејден Мекдениел одлично се справи со него и го задржа на само 17 поени. Минесота отвори со 13-0, пред крајот на првата четвртина беше 25-7 и потоа немаше ништо од неизвесноста. Дури во третата четвртина Голден Стејт се симна на -7, но домаќините брзо го неутрализираа тој удар, отидоа на +20 и без поголеми возбудувања го приведоа мечот кон крај.

Овојпат до израз дојде тимскиот дух на Минесота бидејќи тројца нејзини кошаркари ја предводеа листата на стрелците. Најмногу постигна Рендл (24), а со по 20 го следеа Александер Вокер и Едвардс. Куминга со 18 поени беше прв играч на Голден Стејт кој ќе биде домаќин на следните два натпревара.


