Денвер Нагетс влезе во лош ритам и ноќеска го претрпе третиот пораз по ред откако загуби на гостувањето кај Голден Стејт со 104-118.
За Вориорс тоа беше петти триумф по ред и со него се доближи на само една победа од Денвер, на пет меча пред крајот на основниот дел од сезоната. Ако остане ситуацијата како во моментов, овие две екипи ќе се сретнат и во првата рунда од плејофот, а според моменталните резултати, фаворит ќе биде Голден Стејт затоа што по доаѓањето на Батлер игра во шампионски ритам.
Нагетс одлично го почнаа овој меч, постигнаа 44 поени во првата четвртина, но веќе во втората го загубија двоцифреното водство кое го имаа на стартот бидејќи во тие 12 минути реализира само 16 поени и на голем одмор замина со -4. Јокиќ беше на нивото, но не и останатите кошаркари, а повторно не играше Мареј кој има повреда на задната ложа. Српскиот ас беше на чекор од трипл дабл, постигнувајќи 33 поени, 12 скока и 9 асистенции.
На спротивната страна се истакна Кари кој постигна 36 поени, вклучувајќи седум тројки од 15 шута.
РЕЗУЛТАТИ
Шарлот – Сакраменто 102-125
Индијана – Јута 140-112
Бостон – Феникс 123-103
Торонто – Детроит 105-117
Чикаго – Портланд 118-113
Хјустон – Оклахома 125-111
Сан Антонио – Кливленд 113-114
Голден Стејт – Денвер 118-104
ЛА Клиперс – Далас 114-91
ЛА Лејкерс – Њу Орлеанс 124-108


