Иако беше поврзуван со Панатинаикос, а Хапоел Тел Авив му даде астрономска понуда, Василије Мициќ најверојатно ќе ја продолжи кариерата во Реал Мадрид.
Бројни европски специјализирани портали објавија дека „кралскиот клуб“ му понудил двегодишен договор за вкупна сума од 8,5 милиони евра и се очекува до крајот на оваа недела да биде официјализирана соработката. Мициќ се враќа од НБА каде ги помина последните две сезони и ќе се обиде да ја освои третата титула во Евролигата во својата кариера.
Реал досега како засилувања за претстојната сезона ги претстави Тео Маледон и Давид Крамер, а екипата ќе има и нов тренер во Серџо Скариоло.

