Аргентинскиот репрезентативец Габриел Дек принудно ја заврши оваа сезона и втора година по ред нема да игра на завршниот турнир од Евролигата.
Искусниот крилен играч се повреди на гостувањето кај Валенсија кога при еден доскок, згазна на ногата на својот соиграч Гершон Јабуселе.
„На Дек му е дијагностицирано кинење на внатрешниот колатерален лигамент на коленото на десната нога“, пишува во соопштението од Реал.
Дек го пропушти финишот од сезоната и минатата година откако се повреди за време на четвртфиналната серија од плејофот, против Партизан. На еден од натпреварите во Белград, врз него падна кошаркарот на „црно-белите“, Зек Ледеј и доживеа повреда поради која мораше да се рехабилитира три месеци.


