Голден Стејт има исклучително тешка задача да ја победи Минесота во полуфиналето од Западната конференција бидејќи најмалку три натпревари ќе биде без својата прва ѕвзеда Стеф Кари.
Американските медиуми тврдат дека не е исклучено за пеколниот шутер да е завршена оваа сезона, по повредата на задната ложа, доживеана на првиот меч кога Вориорс направија брејк. Иако не е официјално, Кари би можел најрано да се врати на шестиот натпревар, но до него може воопшто да не дојде.
Во моментов резултатот е 1-1, следните два натпревара се играат во Сан Франциско и ако Минесота успее да го искористи отсуството на Кари и слави на двата меча, тоа значително ќе ѝ ја олесни работата во серијата. Сепак, не е исклучено паузата на Кари да трае и многу подолго, некои прогнози велат дека ќе биде меѓу три и шест недели, а тоа е предолг период во плејоф.
Ситуацијата ќе мора да ја спасува Џими Батлер кој сега треба да се покаже како лидер на екипата и да го демонстрира своето искуство. Третиот натпревар е на програмата утре вечер, а четвртиот во вторник наутро по средноевропско време.


