Екипата на Гостивар оствари голема победа откако вечерва на домашен терен го победи Работнички со 68-66.
Тоа беше прв натпревар на Перо Блажевски како тренер на гостиварци на домашен терен и веднаш се погрижи за сензационален триумф на својот тим. Овој пораз го става Работнички во незавидна ситуација и во борба за опстанок во финишот од сезоната.
Клучниот момент на мечот се случи на секунда пред крајот кога Столевски го постигна победничкиот кош за Гостивар. Домаќините ионака речиси постојано беа во водство, но никогаш со повеќе од пет поени разлика. Работнички во финишот два пати беа во водство со два поена (63-61 и 65-63), но гостите ја загубија топката на околу 40 секунди пред крајот за потоа Младеновиќ да погоди тројка за предност од 66-65. Ефремовски од линијата за слободни фрлања еднаш беше прецизен и израмни, но Работнички не се одбрани во последниот напад и дозволи Гостивар да постигне кош за победа.
Црниќ и Младеновиќ беа убедливо најдобри играчи кај Гостивар, првиот постигна 19, а вториот 18 поени. Рикиќ го предводеше Работнички со 21 поен и 13 скока, додека Ефремовски додаде 18 поени, шест скока и шест асистенции.


