Екипата на Тофаш, чиј тренер е македонскиот стручњак Емил Рајковиќ, остана во игра за пласман во четвртфиналето од Лигата на шампионите откако вечерва оствари исклучително важна победа на гостувањњто кај Кардица во Грција.
Турскиот тим славеше со 93-79, па сега му останува да се обиде да направи изненадување против Алба или АЕК за да влезе во топ-8 што би бил огромен успех за тимот. Клучни беа втората и третата четвртина кои Тофаш ги доби со вкупно 56-40 и на тој начин го скрши отпорот на домашниот тим.
Во првото коло Тофаш доживеа пораз од Алба на домашен терен, а во третиот круг, идната недела, го пречекува АЕК во можеби најважниот меч во оваа фаза од Лигата на шампионите.


