Екипата на Чаир има големи шанси да оствари историски успех и да го заврши основниот дел од сезоната на четвртата позиција на табелата.
Во директниот дуел, чаирчани го победија Еуро Никел со 94-93 по голема драма и по продолжение. Можеа работата да ја завршат и во основниот дел, но со истекот на времето, Смит Меквен од офанизвен скок постигна кош и го однесе натпреварот во дополнителни пет минути во кои продолжи големата борба.
Во нив Еуро Никел подобро отвори, поведе со 87-82, Чаир потоа направи серија од 7-1 и го презеде водството, но во последните 20 секунди со предност влезе домашниот тим (93-92), благодарение на тројката на Соколов. Клучниот кош го постиггна Далгер по што Смит Меквен не успеа да погоди и чаирчани ја прославија големата победа.
Галовеј беше најефикасен со 30 поени, Какруки додаде 22, а Далгер 20 во победничкиот тим. Кај Еуро Никел, чии кошаркари погодија дури 14 тројки, Дубински беше прв стрелец со 28 поени. Ако во последното коло го победи Охрид, Чаир ќе го освои четвртото место на табелата, дури и ако ТФТ триумфира на следните два меча. Во случај на ист број бодови, Чаир ќе биде подобропласиран од ТФТ поради подобриот биланс во меѓусебните дуели.


