Синоќа се комплетирани првите натпревари од четвртфиналето на евролигашкиот плејоф, а она што се случи на овие четири меча ги изненади сите љубители на кошарката.
На три од четирите натпревари победија гостинските екипи што не е забележано досега во оваа фаза од Евролигата. На ваков начин се игра од 2005 година и никогаш не се случило три меча да завршат со победи на гостите. На противнички терен славеа Макаби против Панатинаикос, Фенербахче против Монако и Олимпијакос против Барселона.
Единствениот тим кој ја искористи предноста пред својата публика е актуелниот шампион Реал Мадрид кој убедливо ја совлада Басконија и ја оправда фаворитската улога.


