По триумфот против Вардар во првото коло, екипата на Гостивар в сабота првпат ќе игра пред својата публика во новата сезона.
Гостиварци го пречекуваат амбициозниот ТФТ, а раководството на клубот одлучи овој меч да има хуманитарен карактер.

„Прв натпревар од новата сезона на домашен терен против екипата на ТФТ. Натпреварот ќе биде со хуманитарен карактер, собраните средства од натпреварот ќе бидат донирани за лекување на нашиот сограѓанин Ивица Срезоски!
Билети за натпреварот ќе бидат пуштени во предпродажба од четврток 10.10.2024 во тобако B&B (центар) и тобако Trafika (позади општина) по цена од 50 денари“, објави Кошаркарскиот клуб Гостивар.


