За само четири дена, раководството и стручниот штаб на Гостивар комплетираа една петорка од која четири кошаркари се летни засилувања за тимот.
Нов играч на гостиварци е американскиот интернационалец Крис Сили, 206-сантиметри висок кошаркар кој може да ги покрие позициите од 3 до 5. Со оглед на неговите одлични физички квалитети, одлично се снаоѓа во рекетот, доминантен е во скокот и ќе биде големо засилување за Гостивар под кошевите.
Минатата сезона Сили ја поминал во францускиот второлигаш Мулуз, а претходно играч во косовскиот Раховеци и на универзитетите Јута и Фресно Стејт. Со него, Гостивар веќе има тројца странци бидејќи претходно ги договори Младен Грушановиќ и Ксавиер Роудс, го донесе и поранешниот репрезентативец Дарко Соколов, а ја продолжи соработката со Максим Митевски.


