Искусниот крилен играч Ненад Зивчевиќ се враќа во својата татковина и во новата сезона ќе го носи дресот на Гостивар.
Тој ќе биде замена за американскиот интернационалец Крис Сили кој поради здравствени проблеми воопшто не допатува во земјава и покрај тоа што имаше потпишан договор со гостиварци. Зивчевиќ во Гостивар доаѓа од српскиот второлигаш Клик каде играше минатата сезона, а последниот ангажман во земјава го имаше во тимот на Куманово.
Зивчевиќ е „дете“ на Работнички, а во својата долга кариера, покрај за клубот од Градски парк, во земјава играше и за Плејмејкер Кубус, МЗТ Скопје, Лирија, Струмица и Куманово. Покрај тоа, 37-годишниот кошаркар настапуваше и во Црна Гора, Србија, Украина, Шведска и уште неколку држави од Азија и Африка.
Гостиварци засега не планираат да ангажираат нов странец, но не е исклучено во текот на сезоната да ја пополнат квотата од четворица играчи од „надвор“.


