Македонската кошаркарска легенда Јорданчо Давитков годинава како тренер на Гостивар се враќа во Купот на Македонија.
Зад себе има огромни успеси во ова натпреварување, а иако на хартија неговиот тим е аутсајдер со МЗТ Скопје, тој е свесен дека може до изненадување.
„Пред 17 години во Битола игравме Куп на Македонија. Очекувам кошаркарски фестивал и убави претстави. Екипите се израмнети и на сите ќе им треба посебен труд за да дојде до титулата.
Од искуство, во Купот нема фаворити, тоа е специфично натпреварување и никој нема гарантирана победа. Единствен проблем за Гостивар е тоа што имаме многу повредени играчи, на последниот натпревар бевме комплетни, но кошаркарите се едвај на 30-40%. Илузорно е за МЗТ Скопје да се трошат зборови, последната деценија е најдобра во Македонија и со овие играчи што ги има доминира. Ќе се обидеме да дадеме отпор и да одиграме најдобро што можеме, а ќе видиме колку е тоа доволно.
Во секој случај, МЗТ Скопје е прв фаворит за освојување, а ние ќе се обидеме да им попречиме во остварувањето на нивната цел“, рече Давитков.


