Екипата на Гостивар го одигра својот најдобар натпревар оваа сезона во последното коло од плејаутот и воопшто својот последен натпревар во елитата.
Гостиварци по девет сезони се враќаат во втората дивизија, а за крај убедливо го победија Чаир, со 107-72. Гостинскиот тим настапи со редуциран состав, без својот најдобар играч Билингсли, па Гостивар го искористи за да дојде до својата највисока победа сезонава
Чаир беше рамноправен во најголем дел од првото полувреме, но Гостивар со серија од 12-0 отиде на 46-31 на почетокот од третиот период и со тоа го скрши отпорот на противникот. Пред крајот на таа четвртина веќе беше +20, а до крајот домашниот тим дојде и до огромна предност.
Диксон одигра историски натпревар, постигнувајќи 39 поени, 10 скока и пет асистенции за индекс 52 што ретко се гледа во македонската кошарка. На спротивната стсрана најефикасен беше Синани со 15 поени, но повторно се истакна рековалесцентот Метин Саити кој оствари дабл дабл со 12 поени и 12 скока.


