Екипите на Шкупи и Гостивар одиграа извонредно возбудлив натпревар во рамките на подготовките за новата сезона.
Триумфираа гостиварци како гости со 78-72 откако Шкупи повеќе од 37 минути имаше контрола над играта и резултатот. На три минути пред крајот, скопскиот тим водеше со 10 поени разлика, но во финишот неговите играчи промаши четири шута за тројка, Гостивар, меѓу другото, постигна осум поени од контранапади и на тој начин се избори за пресврт и победа на овој меч. При 73-72, Шкупи не го искористи својот напад, па гостите со удари од линијата за слободни фрлања дојдоа и до убедлив триумф.
Максим Митевски беше најефикасен кај Гостивар со 19 поени, Грушановиќ додаде 17, а Соколов 14. Арчи го предводеше тимот на Шкупи со 20 поени, Грег постигна 14, а Деј и Аранитовиќ по 12.


