Она што беше најавено по Олимписките игри во Париз, доби потврда откако Венсан Коле јавно изјави дека ја напушта селекторската функција во француската репрезентација.
Тој ги напушта „триколорите“ по 15 години на позицијата и со вкупно осум медали на големите натпреварувања меѓу кои и едно злато од Европското првенство во 2013 година.
„Готово е, овие 15 години за мене беа вистинска привилегија. Имав шанса да почувствувам многу емоции, да освојам злато на европско првенство и две медали на олимписките игри на што сум многу среќен“, рече Коле.
Како најсериозен кандидат за негов наследник се спомнува актуелниот тренер на Бурж, Фредерик Фору, но во конкуренција е и новиот тренер на Кливленд Кавалирс, Кени Еткинсон.


