Репрезентацијата на Грција е многу блиску до пласман во топ-8 од Олимписките игри во Париз, но пропушти голема можност уште денеска да обезбеди место меѓу најдобрите.
Поранешниот европски шампион ја совлада Австралија со 77-71, но во еден момент имаше предност и од 19 поени разлика, а за сигурен пласман во топ-8 му беше потребен триумф од +8. Сега се му зависи од Јужен Судан кој утре игра против Србија и за Грција да се пласира во следната фаза, треба да загуби со најмалку три поени разлика.
Клучната предност Грците денеска ја направија во вториот период во кој постигнаа 14 поени по ред и на голем одмор заминаа со 53-36. Највисоката предност ја достигнаа на почетокот од третиот период кога водеа со 57-38, но не го издржаа силното темпо и му дозволија на противникот да ја намали разликата. Во цело второ полувреме Грција постигна само 24 поени и којзнае што ќе беше ако во моментите кога Австралија се доближи на 69-71, Толиопулос и Вокап не погодеа тројки кои се покажаа клучни за триумфот.
Јанис Адетокунбо повторно беше најдобар играч, сега постигна 20 поени, 7 скока и 6 асистенции, но се истакнаа и Вокап со 18 поени вклучувајчи 4 тројки и Митоглу и Толиопулос кои постигнаа по 13 поени. Кај Австралија, Лендејл заврши како прв стрелец со 17 поени.


