Ако информациите на грчките медиуми се веродостојни, заминувањето на Ергин Атаман од клупата на Панатинаикос е практично завршена работа и тоа на начинот како што бараше сопственикот на клубот Димитрис Јанакопулос.
Можеби треба да се остави простор за можноста страстите да се смират и сè што се случи оваа неделна вечер да биде само уште еден во низата обиди да се ослободи скапиот „зелен“ тим од летаргија, но Грците упорно тврдат дека часовите на Турчинот во Атина се избројани.
„Според доверливи информации што ги добивме, поразот од Арис го принуди турскиот тренер (кој до неодамна беше единствениот што го бранеше, Димитрис Јанакопулос) да ја понуди својата жртва, за првпат откако дојде во ПАО. Лошата слика за Панатинаикос во 2026 година, падот на табелата во Евролигата, приказните за лоши односи со одредени играчи (бидејќи тој честопати јавно ги напаѓаше)… сето ова создаде голем сомнеж дали Атаман сè уште може да ја предводи оваа група. Говорот на телото на повеќето играчи на последниот натпревар од Евролигата против Асвел, покажа повеќе од која било изјава. ПАО победи, но натпреварот против ривал со скромен квалитет јасно покажа дека нешто не е во ред и дека турскиот тренер очигледно ја изгубил контролата врз тимот“, тврди Газета.
Неодамна се шпекулираше дека се подготвува терен за враќање на Жељко Обрадовиќ кој до 2012 година беше тренер на Панатинаикос, но засега тоа нема да биде случај, ако му се верува на истиот извор. Шанса треба да добие сегашниот асистент на атаман, Христос Серелис кој пред неколку години го водеше Панатинаикос, во периодот откко Дејан Радоњиќ доби отказ.
Многу повеќе работи на оваа тема веројатно ќе се знаат во текот на утрешниот ден, но Јанакопулос ќе мора брзо да реагира бидејќи Панатинаикос го очекува тешка недела во Евролигата во која во вторник го пречекува Реал, а в четврток гостува кај Партизан.


