Жељко Обрадовиќ е прв кандидат да го наследи Ергин Атаман на клупата на Панатинаикос, пишува во веста објавена денеска од грчкиот „Тоталбаскет“.
„Панатинаикос повторно размислува за враќање на човекот кој ја промени историјата на клубот! Жељко Обрадовиќ се појави како главна желба на сопственикот на клубот за нова ера за Панатинаикос, додека иднината на Ергин Атаман е под големо прашање по разочарувачката сезона. Во Атина сериозно ја разгледуваат можноста легендарниот српски тренер да се врати на клупата на ‘детелинките’“, тврдат Грците.
Panathinaikos is once again looking at the man who changed the club’s history!
— Totalbasket Europe (@totalbasketeu) May 18, 2026
Željko Obradović has emerged as the top target for the next era of #paobc, while Ataman’s future looks more uncertain than ever after a disappointing season.#paobcaktor #euroleague @Totalbasketgr pic.twitter.com/jMJAjhOloX
Обрадовиќ беше тренер на Панатинаикос 13 години, од 1999 до 2012 година и во тој период, клубот со една титула во Евролигата го трансформираше во гигант со шест трофеи по што стигна до второто место во Европа. Српскиот стручњак освои 11 од можните 12 титули во грчкиот шампионат и уште седум Купа.
Обрадовиќ е слободен тренер од минатата есен, кога поднесе оставка во Атина, токму по поразот на Партизан од „зелените“. Неодамна се појави информација дека Жељко би можел да се врати во Партизан на местото на Пењароја, но такво нешто беше прогнозирано за подолг рок, а не за претстојната сезона.


