Две грчки на едно место не е добро за никого, најмалку за органите на редот и мирот. Тоа најдобро го почувствуваа Германците кои три дена не можат глава да кренат од нередите што ги прават грчките навивачи.
Капак на се беше синоќешната тепачка во Берлин меѓу фановите на Панатинаикос и Олимпијакос која резултираше со 12 тешко повредени и хоспитализирани лица од кои едно се наоѓа во животна опасност. Според информациите од полицијата, во тепашката учествувале 90 лица кои се удирале со бејзбол палки, а во тек е идентификација на учесниците. Интересно е тоа што меѓу инволвираните имало и неколку Срби.
Пред овој инцидент, во петокот се степаа навивачи на Фенербахче и Панатинаикос пред полуфиналниот дуел на овие две екипи. Тоа доведе до полчасовно одложување на почетокот на нивниот натпревар.


