Репрезентацијата на Грција ќе биде ослабена под кошевите во дуелот со Словенија бидејќи од комбинација за настап отпадна центарот Костас Адетокунбо.
Тој има повреда на левото колено и за него е завршен настапот на олимпискиот квалификациски турнир што се одржува во Пиреја. Помладиот Адетокунбо играше на двата досегашни натпревари, против Доминиканска Република и Египет, во просек по речиси девет минути и не се истакна претерано, но сепак е значаен играч кога станува збор за центарската позиција.
Во тимот за утрешниот натпревар ќе се врати Јанис Адетокунбо кој не играше против Египет со цел да се одмори за многу поважните дуели кои следуваат.


