Највозрасниот тренер во НБА лигата, Грег Попович наскоро ќе се врати на клупата на Сан Антонио Спарс, безмалку два месеца откако доживеа мозочен удар.
Искусниот стручњакн имаше несреќа кон крајот на ноември и оттогаш неговиот помошник Мич Џонсон го водеше Сан Антонио. Рехабилитацијата е во завршна фаза и Попович наскоро се очекува да се врати назад.
„Овие шест недели беа неочекувани за мене и моето семејство. Додека заедно работиме на рехабилитацијата, би сакал да издвојам момент за да се заблагодарам на поддршката што ја добив во овој период, а која беше огромна. Никој не е повозбуден од мене во врска со враќањето на клупата“, објави Попович.
Лани тој потпиша петгодишен договор со Спарс за вкупна сума од 80 милиони долари. На тренерската позиција во Сан Антонио е од 1996 година и освои пет шампионски титули во НБА лигата.

