Контроверзниот кошаркар на Голден Стејт, Дрејмонд Грин буквално ја отпиша Србија пред дуелот против САД во полуфиналето од Олимписките игри.
Мечот се игра вечерва од 21 часот, а доаѓа по две убедливи победи на американската селекција во дуелите со денешниот противник во последниот месец.
„Тие го имаат Никола Јокиќ кој е феномен, но од останатите, Србија нема подобар играч од Тајрис Халибартон кој е надвор од ротација во американската репрезентација. Претходниот натпревар беше израмнет додека Јокиќ беше на теренот, но тоа нема сега да се случи. Американците ќе се прилагодат и ќе заврши исто како претходниот меч. Србија нема шанси“, изјави Грин порачувајќи им на Србите дека не треба да креваат глас кога не можат да им парираат на Американците.
Од 1992 година, кога НБА кошаркарите добија дозвола за настап на Олимписките игри, САД има само четири порази на овие натпреварувања, но ниеден од нив не е од Србија, вклучувајќи ги СР Југославија или Србија и Црна Гора.


