Иако се подготвуваа да му приредат пеколен пречек на 14 јануари, навивачите на Партизан, сепак, нема да го дочекаат Тајрик Џонс повторно на домашен терен.
Српските медиуми објавија дека тој нема право на настап на дуелот меѓу Партизан и Олимпијакос кој е на програмата идната недела. Грчкиот првак ќе биде делумно ослабен на тој меч, но со оглед на последните резултати и атмосферата во редовите на противникот, сепак ќе биде голем фаворит.
Тајрик Џонс утре треба да се приклучи на тренинзите на Олимпијакос, а дебито за новиот клуб најверојатно ќе го забележи в петок, против Баерн.


