Со дуелот меѓу Златибор и Борац Бања Лука, вечерва беше комплетирано третото коло од АБА 2 лигата, а ситуацијата на табелата по овој круг е неверојатна.
На врвот се наоѓа екипата на Сутјеска, единствена со максимален ефект досега, а потроа следуваат дури девет тима со биланс од две победи и еден пораз. Меѓу нив и македонските претставници ТФТ и МЗТ Скопје кои номинално го држат четвртото и петтото место, но само пораади полошата кош-разлика во однос на Широки и Војводина.
Standings provided by Sofascore
Јасно е дека до крајот ќе се води голема борба за пласман во плејофот, а новиот систем носи дополнителна драматика и секој натпревар е од големо значење. Во четвртото коло ТФТ има тешко гостување, кај Широки, додека МЗТ Скопје го пречекува дебитантот во АБА 2, Јахорина.


