Зовриена е атмосферата во Белград каде вечерва од 20:30 часот се игра големото дерби на АБА лигата меѓу Партизан и Црвена Звезда.
Уште при излегувањето на теренот на „гостинските“ кошаркари, играчите на Црвена Звезда, почнаа навреди од трибините, а особено на удар беше Филип Петрушев кој и претходните години постојанио беше во војна со „Гробари“.
Петрушев мирно се загреваше, но кога тргна назад кон соблекувалната им гестикулираше нешто на фановите на Партизан и придонесе уште повеќе да зоврие во Арена.


