Американскиот интернационалец Џабари Паркер имал близок контакт со навивачите на Партизан на аеродромот во Каунас – пред да полета чартер летот за Србија, тврдат утринава српските медиуми.
Партизан синоќа загуби од Жалгирис со 68-109, а тоа предизвика бура од негодување кај фановите кои ги придружуваа навивачи во литванската престолнина. Наводно, на аеродромот тие го навредувале Паркер, а овој не им останал должен и тргнал да се тепа со нив. Ескалација на настаните спречиле останатите кошаркари кои го тргнале Паркер настрана.
Паркер ги иритира сите навивачи на Партизан уште откако дојде во клубот летоска. Иако е најплатен кошаркар во историјата на клубот, игра очајно, неговите бројки се катастрофални, а најмногу нервира индолентниот однос на теренот.
Кулминација на сето тоа беше вчерашниот меч на кој не само што беше очаен, туку не влезе во игра во второто полувреме и натпреварот го догледа во тренерки. Мирко Оцокољиќ по мечот им рече на новинарите дека тие треба да го прашаат Паркер дали го бојкотирал тимот.


