Актуелниот шампион на Франција, Монако би можел да се најде во големи проблеми откако газдата на клубот Алексеј Федоришчев по судската пресуда остана без 41 милион евра.
Парите веќе му се одземени, а тој е под уште една истрага, за измама и давање мито на државни службеници и обвинет е за измама од 60 милиони евра. На Федоришчев му е конфискуван и имот, па рускиот богаташ ќе мора да скрати дел од своите трошоци и нема да биде изненадување ако тоа го направи со кошаркарскиот клуб.
Во случај да страда Монако, тоа може да предизвика потрес и во Евролигата имајќи предвид дека последните години овој клуб е редовен учесник во елитното натпреварување и лани дури стигна до завршниот турнир.


