Новакот во македонската репрезентација Итан Хап ги познава квалитетите на полскиот тим со кој се соочуваме вечерва и знае што треба да направиме за да избориме добар резултат.
Во првиот меч тој беше најдобар играч во нашиот национален тим со индекс 30 и еден од најдобрите во првото коло од квалификациите за Европското првенство. Од тие причини ќе биде еден од нашите адути на вечерашниот меч во Сосновиец.
„Полска е навистина силна репрезентација, без оглед што е пласирана на Евробаскет сигурно ќе биде мотивирана да одигра добар меч на домашен терен. Ќе мораме да се бориме за секоја топка за да имаме шанса да стигнеме до позитивен резултат. Борбеноста мора да биде највисоко ниво за да се бориме за победа на овој меч“, рече Хап пред натпреварот.
Полска во првото коло загуби од Литванија сок 64-83, но тоа и не е многу важно бидејќи како ко-домаќин има загарантиран пласман на Европското првенство.


