Женската јуниорска репрезентација на Македонија ќе биде драстично ослабена на Европското првенство Б-дивизија што од петок се игра во романскиот град Тулчеа.
Неколку дена пред заминувањето се повреди плејмејкерот и капитен Дора Алексова која требаше да биде главен играч и носител на играта.
„За жал, пред почетокот на првенството останавме без нашиот капитен Дора Алексова , која поради повреда нема да биде во можност да настапи. Нејзиното отсуство ќе биде сериозен хендикеп за нас“, изјави селекторот Виктор Петровски.
Отсуството на Алексова ќе треба да го надополнат другите организатори на играта, но во силната конкуренција тоа ќе биде многу тешко.


