Канадско-финскиот стручњак Гордон Херберт го заврши својот мандат на клупата на германската репрезентација и од почетокот на новата сезона ќе биде тренер на Баерн.
Ќе остане запишан во историјата на германската кошарка поради светското злато освоено лани, но не успеа пред заминувањето да се закити со уште еден медал – од олимписки игри. Во мечот за третото место Германија загуби од Србија, а Херберт не ја пропушти можноста да му честита на противникот за заслужениот триумф.
„Финалето не заврши на начин на кој посакувавме, но знам дека ги дадовме срцето и душата во овие три години. Играчите беа како семејство. Ѝ честитам на Србија. Нека ми простат Французите, но Србија беше најдобра репрезентација со која игравме на Олимписките игри“, рече Херберт.
Германците играа со Франција во полуфиналето и загубија на контроверзен начин бидејќи имаше полемики за неколку спорни судиски одлуки.


