Хрватскиот кошаркар Марио Хезоња цврсто одлучил да го напушти Реал Мадрид ова лето, поради што самиот ја платил откупната клаузула во договорот.
По сезоната без трофеј за кралскиот клуб, хрватскиот кошаркар цврсто решил да ја промени средината. Кога Хезоња потпиша повеќегодишен договор, важна ставка беше клаузулата што ќе му овозможи да оди во НБА лигата кога ќе заврши сезоната.
Вчера, Хезоња ги информирал челниците на Реал Мадрид дека ќе ја активира клаузулата и ќе оди во НБА лигата, а шпанската „Марка“ пишува дека хрватското кошаркарско крило самиот ќе ги плати пропишаните 875.000 долари. Ова е, патем, максималната цена што еден НБА тим ја плаќа за слободата на еден играч и бидејќи играчот на Дубровник нема конкретен договор со ниту еден тим, тој одлучи самиот да ја плати клаузулата за излез.
Неговата желба е да се врати во Соединетите Американски Држави, а клубовите таму се исто така импресионирани од неговиот напредок и се подготвени да му понудат нова шанса бидејќи некогаш беше петти пик на драфтот, избран од Орландо Меџик.
Тој играше и за Портланд Треил Блејзерс и Њујорк Никс и не треба да биде изненадување ако сега потпише помал договор со индикации за многу поголема заработка во иднина.


