Њујорк и Орландо играат во пладневниот термин во НБА, а натпреварот го одбележа еден немил момент што се случи во првото полувреме.
Во главна улога беше германскиот репрезентативец Франц Вагнер кој при една акција на Орландо беше однесен од противнички играч, незгодно доскокна и доживеа тешка повреда. Искусниот крилен играч потоа беше изнесен од теренот, а Орландо соопшти дека повеќе нема да се врати во игра.
Que triste
— NBA do Povo 🏀🇧🇷 (@NBAdoPovo) December 7, 2025
Franz Wagner sofreu uma queda feia, caindo com o peso indo predominantemente pro joelho, parece grave
Precisou de ajuda pra sair da quadrapic.twitter.com/eSS9lx9wNL
„Франц Вагнер доживеа повреда на долниот дел од левата нога за време на првата четвртина од мечот со Њујорк. Тој нема да се врати денеска, а неговата состојба ќе биде следена по враќањето во Орландо“, пишува во соопштението од Меџик.
Вагнер имаше добар влез во мечот, во седумте минути кои ги помина на теренот постигна седум поени, три скока, една асистенција и една украдена топка.


