Хрватската кошаркарска репрезентација е на чекор до пласман на Светското првенство во 2027 година во Катар. По големиот пресврт и победата над Холандија од 101-99, Хрватите се најдоа во одлична позиција и само лудост во последните четири кола може да ја спречи од настап на Мундобаскетот.
„Коцкестите“ надополнија негатива од дури 16 поени и на крајот стигнаа до драматична победа. Со овој триумф ситуацијата во групата К стана многу поповолна за хрватската селекција.На Светското првенство ќе се пласираат трите најдобри репрезентации од групата, а Хрватите сега имаат сериозна предност во трката за едно од местата што водат во Катар.
Хрватска последен пат настапи на Светското првенство во 2014 година. Оттогаш следуваше долг пост, но сега „коцкестите“ се на добар пат да ја прекинат негативната серија и повторно да играат на најголемиот светски кошаркарски собир. Проблемот е само во тоа што на следните натпревари ќе биде без НБА кошаркарите кои настапија летово и донесоа максимални четири победи.
До крајот на квалификациите остануваат уште четири натпревари. Хрватска ќе игра двапати против Полска, а ја очекуваат и уште по еден дуел со Холандија и Латвија. Следниот предизвик е гостувањето кај Полска на 27 ноември.
По она што го прикажаа во досегашниот дел од квалификациите, Хрватите имаат сериозна причина за оптимизам. Катар е сè поблиску, а „коцкестите“ сами ја контролираат својата судбина


