На денешното Собрание на АБА во Загреб, донесени се низа важни одлуки за натпреварувањата на оваа организација.
Покрај промената на системот на АБА 2 лигата, прифатено е елитната дивизија да се прошири од 18 на клуба со тоа што нови членови се шампионот на втората лига Широки и дебитантот Слован Братислава. Екипите ќе бидат поделени во две групи со по десет члена, во топ-8 влегуваат првите четири од секоја група, а потоа се продолжува во плејин, па плејоф.
Новина е тоа што по пауза од 12 години, односно по сезоната 2013/14, се враќа завршен турнир во формат Ф4 кој ќе се одржи во периодот од 28 до 30 мај, а домаќинот ќе биде одреден подоцна во текот на сезоната. Новата натпреварувачка кампања почнува на 26 септември.

Избрано е и ново раководство на АБА лигата, претседател ќе биде првиот човек на Партизан, Остоја Мијаиловиќ, а членови на претседателството се Драган Бокан од Будуќност и Давор Ужбинец од Олимпија.


