БЦ Партнерс, британска компанија која се занимава со кредитирање и недвижнини е во комбинација за влез во Евролига како партнер.
Фајненшл Тајмс објави дека челниците на компанијата сакаат да купат малцински дел од сопственоста (една третина), а преговорите се веќе во напредна фаза и би можеле да завршат за околу еден месец. Вредноста на Евролига се проценува на околу една милијардна евра што значи дека БЦ Партнерс би инвестирал 330 милиони за да влезе.
Минатата недела Фајненшл Тајмс најави дека за влез во Евролигата е заинтересиран и саудиски фонд, а од претходно се знае дека и Американци ги разгледуваат можностите за такво нешто.


