По три сезони во МЗТ Скопје, македонскиот репрезентативец Дамјан Робев го напушти Аеродром и кариерата ќе ја продолжи во лутиот ривал Работнички.
Со МЗТ Скопје, 27-годишниот бек освои три шампионски титули и два Купа на Македонија, а беше прогласен за МВП на последното издание од Купот што се одржа во Битола. Претходно играше и за Куманово, Вардар и Гостивар, а беше и младински репрезентативец на Македонија.
Робев е шесто засилување за Работнички во пресрет на новата сезона, по Михаило Јовичиќ, Весли Персон, Његош Сикираш, Оливер Двојаковски и Амар Хот. Под договор од минатата сезона се уште Андреј Шошкиќ, Стојан Ѓуроски и капитенот Виктор Ефремовски.


