По неколкуте кошаркари кои претходните недели објавија дека се селат во НЦАА, по нивниот пат трнува и македонската репрезентативка Ива Чолакоска.
Најдобрата домашна кошаркарка и капитен на Бадел, во новата сезона ќе го носи дресот на Универзитетот Чарлстон Саутерн што ќе биде нов голем чекор во нејзината кариера. Универзитетот е во Јужна Каролина, се натпреварува во Биг Саут (Big South) конференцијата во првата НЦАА дивизија, а заедно со Чолакоска, доаѓаат уште неколку нови имиња во екипата.
Bucs getting better 💪
— Charleston Southern Women’s Basketball (@CSUBucsWBB) June 19, 2026
Welcome to the 𝐁𝐮𝐜𝐜𝐚𝐧𝐞𝐞𝐫 family, Iva 🏴☠️#BucStrong pic.twitter.com/LDAkTrfP4Y
Чолакоска има безмалку 23 години, висока е 180 сантиметри и имаше фантастична сезона со Бадел со кој стигна до финалето од домашниот плејоф. Во просек постигнуваше 12,2 поена со што заврши како трет стрелец во тимот, зад Американките, Фримен и Клири, но ќе се памти нејзиниот кош за победа во последната секунда од третиот меч од финалната серија против Крива Паланка.


