Иако не игра и никогаш не настапувал во НБА лигата, францускиот репрезентативец Матијас Лесор вчера беше „трејдуван“.
Правата на него сега ги има Милвоки Бакс откако ги доби од Њујорк Никс, а центарот на Панатинаикос беше вклучен во размената на играчи во која главни ѕвезди беа Кајл Кузман и Крис Мидлтон. Покрај Лесор, Њујорк во Милвоки го прати и Џери Симск во замена за Делон Рајт, правата на Иго Бесон и пари
Лесор беше избран како 50. пик на драфтот во 2017 година од Филаделфија 76, но досега не се реши да замине во НБА. Договор со Панатинаикос има до 2028 година со клаузула за евентуална преселба во САД.
Во моментов Французинот е повреден, паузира веќе два месеца и се очекува да се врати на терените пред крајот на основниот дел од сезоната.


